Војдан Чернодрински

Search
Enter Keywords:
вторник, 09 февруари 2010
Војдан Чернодрински
Кратка биографија
Кратка Биографија

ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ (1875-1951)

Војдан Поп Георгиев е роден во с. Селце (Дебарско) во 1875 година како едно од повекето деца на на селскиот кмет на свештеникот Георги Славковски наречен ѓурчин. Љубовта за книгата кај малиот Војдан ја забележал таткото и подоцна се погрижил да му овозможи комплетно школување. Од биографијата на ова семејство интаресен податокот - настанот во врска со убиството над некаков Арнаутин-насилник Што го извршила мајката на Војдан , бранејки ја честа на куќата. Поради ова целото семејство било принудено да избега од Селце во Охрид. Школувањето го продолжил во Охрид за потоа да се задржи кратко во Солунската гимназија и од таму му се придружува на својот татко во Софија каде го продолжува образованието. Во Софија го започнал емигрантскиот живот и активно се вклучил во работата на "Младата македонска дружина". Истовремено е еден од најактивните членови на литературниот кружок во гимназијата а истовремено е и негов основач. Под директно влијание на Младата македонска дружина и овие "Младозговорници" во своите трудови ќе го застапуваат македонскиот народен јазик. Според најновите архивски податоци, Војдан го дооформил своето образование во Србија. Правните науки ги започнал во Грац, а ги продолжил во Берн, но студиите не ги завршил. сакајки да се поврзе со ослободителната дејност во Македонија побарал и добил учителска служба во с.могила, кај Битола. И престојот во странство и учителствувањето во македонија претежно се во знакот на Војдановата активност и ангажираност да му се помогне на македонскиот народ во неговите вековни соништа и стремежи за ослободување од османлиското ропство. По кракото учителствување занинал во софија каде по долги перипетии успеал да ја постави на сцена својата прва комплетна драма на македонски јазик "Македонска крвава свадба". Големиот успех што го постигнал со драмата го поттикнал да формира македонски тетар-драмска група под името "Скрб и утеха". Уследиле успеси, гостувања, а амбициите на овој ансамбл се пвеке растеле подоцна дошло и до промена на името во "Столичен македонски театар".

Творештвото на Војдан Чернодрински се всушност и вистинските почетоци на драмската литература во Македонија. Долго време на јавноста и беше познат само текстот на драмата "македонска крвава свадба", но во поново време се пронајдени уште десетина драмски текстови "Зло за зла", "Робот и агата ", " Македонска емиграција", "Од глаата си патиме", "Цар Пир", "На нова година", "Мајсторите" и други.

Војдан Чернодрински е првиот македонски драмски автор во чии дела прозвучи мајчиниот јазик и изврши силно влијание врз други македонски писатели. Фактот што оваа драма живее до денеска на сцените на македонските театри и има доживеано 2000 претстави зборува за нејзините квалитети за нејзината бискост со гледачите за нејзината вечна актуелност.

dsc02082.jpg


Војдан Чернодрински
Постоење
Училиштето денес
Освоени награди
Вработени
Информатика
Проекти
Блог
Забава и колумна
Контакт


© 2005 Министерство за Образование и Наука.
Спонзорирано од Macedonia Connects
Создадено и хостирано од Он.нет!